Планинка Пролом вода Пролом Бања Ѓаволја Варош

ONLINE РЕЗЕРВАЦИЈА


За Луковска Бања

Луковска Бања се наоѓа во Јужна Србија, на источните падини на Копаоник. Со своите 681 м надморска височина, таа е највисока бања во Србија. Климата е умерено-континентална со голем број сончеви денови во годината.

Бањата ја карактеризира изобилие извори на минерални води, недопрена природа на шумовитиот Копаоник и чист планински воздух. По бројот на извори на минерални води со различен состав и температура и по нивната штедрост (над 100 л/с), спаѓа меѓу најбогатите во земјата.

Во Луковска Бања можете да бидете сместени во еден од двата хотела: "Копаоник" и "Јелак", кои во својата понуда имаат обединето сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, базени со термална вода и др. Својот престој можете да го поминете активно, во прошетки по патеките на здравјето во прекрасна природа, занимавајќи се со спорт, или во посета на некои од културно-историските споменици. Вие треба да го изберете она што за Вас претставува идеален одмор!

Ако сакате мирен амбиент за вашите деловни состаноци или семинари, имате на располагање повеќе сали со капацитет до 100 места.

Посебна погодност:користењето на базените на отворено и во затворен простор, како и на спортските терени е засметано во цената на Вашиот аранжман.

o banji