Планинка Пролом вода Пролом Бања Ѓаволја Варош

Рекреација



Хотелите и околината на Луковска Бања имаат многубројни можности за активен одмор и рекреација. Затворените и отворените базени со термална вода во обата хотела можете да ги користите во текот на целата година. Исто така, имате на располагање спортски терени (мал фудбал, кошарка, одбојка, тенис) и балон хала со професионална подлога.

Службата за рекреација во Луковска Бања секојдневно организира вежби на отворено и прошетки по "патеките на здравјето" во околината на бањата, во природа и покрај културно-историски знаменитости. Одделни патеки се погодни и за возење велосипед. Патеките се со различна должина и тежина, па се и обележени според степенот на тежина.

Во зимските месеци можете да уживате и во спортови на снег - имате на располагање ски-патека со ски-лифт долга 300m.

Во текот на целата година се одржуваат музички вечери, Етно коктели, настапи на културно-уматнички друштва, гостувања на театри, поетски вечери, изложби и други културно-уметнички содржини.