Планинка Пролом вода Пролом Бања Ѓаволја Варош

Излети



За хотелските гости повеќепати неделно се организираат излети во придружба на бањски водач до локалитетите во нејзината поблиска и подалечна околина:

Црква Св. Ѓорѓе во Луковска Бања:
Црквата Св. Ѓорѓе се наоѓа на камен врв над бањата, на височина од 875 м, од каде што има извонреден поглед на целата котлина. До црквата може да се дојде по пократка и стрма патека долга 900 м (за спортисти и помлади рекреативци) или по патека долга 1900 м. Постои можност за организирање превоз до црквата.

Црква Св. Мина во Штава:
Во селото Штава, оддалечено 6 км, се наоѓа црквата Св. Мина од 16. век. Изградена е од клепан камен и покриена со камени плочи. Посебна културна вредност на оваа црква претставуваат зачуваните фрески.

Пролом Бања:
Пролом Бања: е оддалечена 58 км од Луковска Бања. Позната е надалеку, пред сè по лековитата Пролом вода со единствен минерален состав, која помага во лекувањето на бубрежните болести, болестите на органите за варење, кожните болести, болестите на периферните крвни садови и кај вонзглобниот реуматизам. Во близина на хотелскиот комплекс се наоѓа и погон за фабричко полнење шишиња со Пролом вода. Хотелската служба за рекреација организира целодневни излети со ручек во хотелот Радан во Пролом Бања.

Ѓаволја Варош:
Локалитетот Ѓаволја Варош е оддалечен 65 км од Луковска Бања. Тој е под заштита на државата како Споменик на природата од I категорија и истовремено е единствен претставник на Србија во изборот за "7 светски чуда на природата". Хотелот организира целодневни излети до овој локалитет со ручек во Пролом Бања.

Цркви од XII век во Куршумлија:
Во Куршумлија, оддалечена 36 км, се наоѓаат првите задужбини на Стефан Немања од 12. век: Црквата Св. Никола и Црквата Св. Богородица. Се организира излет во придружба на бањски водач, со обиколка на рановизантиската базилика и знаменитостите на градот.

Неолитско наоѓалиште Плочник
Неолитското наоѓалиште Плочник е оддалечено 48 км од Луковска Бања. Населбата стара 7500 години претставува богато наоѓалиште на артефакти од неолитска доба, кога на овој локалитет постоеле првите топилници на бакар на светот. На локалитетот може да се види реконструирана селска населба од тој период. Во близината на наоѓалиштето се наоѓаат и остатоци од Римски терми.

Национален парк Копаоник
Националниот парк Копаоник е оддалечен 60 км од Луковска Бања. Се организира излет во придружба на бањски водач, со обиколка на Туристичкиот центар Копаоник. Факултативно: возење со жичара до Панчиќев врв.