Планинка Пролом вода Пролом Бања Ѓаволја Варош

Wellness третмани



Wellness центарот на Луковска Бања претставува ексклузивен комплекс во кој на природен начин се постига баланс на телото, умот и духот. Сите благотворни својства на минералните води, пареата и топлината се во служба на Вашето уживање, релаксирање и ослободување од секојдневниот стрес.

Во пријатниот амбиент на Wellness центарот имате на располагање:

Солена соба (Халотерапија) - се заснова врз дозиран престој во простор изграден од камена сол, кој има лековита микроклима на природни солени пештери. Воздухот е заситен со најфини честици сол со многу микроелементи кои позитивно влијаат врз човечкиот организам, така што се препорачува не само на оние со здравствени проблеми, туку и на здрави луѓе и спортисти за релаксација. Престојот во солената соба позитивно влијае за поправање на расположението, отстранување на главоболието, јакнење на имунитетот, дишењето и работата на срцето.

Тепидариум – простор со клупи загреани од 37°Ц до 39°ЁЦ, приближно како температурата на телото. Така се постига телото да отпушти онолку топлина колку што и ќе прими. Истовремено, крвните садови се шират од топлината, со што крвотокот се подобрува и имунитетот зајакнува. При лежењето на топлите клупи, мускулите и нервниот систем се релаксираат, a организмот се враќа во природен баланс. Тепидариумот се препорачува како подготовка пред одење во парна бања.

Парна бања - или амам е третман во врел затворен простор со пареа која предизвикува потење и ослободување од телесните токсини. Правилно,уживањето трае меѓу 10 и 20 минути, по што следи туширање со млака до студена вода за телото да се стимулира.

Сауна - Во сауната се користи многу висока температура за мускулите да се олабават и да се предизвика обилно потење и исфрлање на токсините. Престојот во сауна ги стимулира природните процеси на заздравување во организмот и ги намакува болките во зглобовите и мускулите. Користа на сауната е повеќекратна, а ефектот за корисниците е физички и психички. Престојот во сауната го забрзува лачењето на серотонон (хормон на среќата) остварувајќи така психофизички баланс на целиот организам.

Џакузи базен и када - се користат за олабавување на мускулите, против вкочанетост и за релаксација. Со помош на топлина и притисок се остварува синергиски ефект на тој начин што млазовите вода, третирајќи одредени делови на телото, даваат максимален ефект при релаксирањето.