Планинка Пролом вода Пролом Бања Ѓаволја Варош

Климаториум



Климаториум во Луковска Бања е просторот на кој се наоѓаат голем број извори на термална вода со различен состав и температура. На овој простор се применуваат климатолошки процедури и прородни инхалации.

Бања на Крал Милутин
Во бањата на Крал Милутин се применуваат балнео-тераписки бањи во термоминерална јаглено-кисела и сулфуровита вода од натриум-калциум-магнезиум хидрокарбонатен тип, со температура од 42⁰Ц до 44⁰Ц.

Базени за локални бањи – „Вирови“
Во овие базени, или како што народот ги нарекува „Вирови“ или „Видарице”, доаѓа до спонтано извирање на термоминерална вода. Температурата на водата во вировите се движи од 33 во најстудениот до 44°Ц во најтоплиот. Се користат главно за локални бањи на периферните зглобови (стопала, колена, шаки и лакти).

Природен инхалаториум
Природниот инхалаториум се наоѓа до самиот брег на реката, опфаќа поголем број скаменети цевки од кои излегува термоминерална вода богата со водородсулфид и се слева во фонтаната. Воздухот околу оваа фонтана е високо заситен со гас водород сулфид (H2S), кој се препознава по специфичниот благо непријатен мирис. Сулфурот од водородсулфидот со вдишување, преку слузницата на белите дробови, многу добро се ресорбира (80% од присутната количина во воздухот). Преку крвта стигнува до сите клетки во организмот и остварува бројни биолошки дејства, од кои некои се многу важни:

  • Во дишните патишта пројавува антибактериско (бактериостатско и бактерицидно), антиалергиско (хипо и десензибилирачко), бронходилататорно (ширење на дишните патишта) и експекторантно (олеснување на искашлувањето) дејство
  • На ниво на клетките учествува во создавањето на белтачини (синтеза на протеини) неопходни за производство на многу ензими, ја засилува синтезата (создавање) и лачењето (секрецијата) на инсулин, помага во разградбата на масти, го намалува нивото на холестерол во крвта, го забрзува зараснувањето на рани (стимулација на дишењето на ткивото), ја засилува работата на лојните и потните жлезди и го стимулира обновувањето на ткивото (регенеративни процеси);
  • Во зглобовите и `рскавиците кај хроничните реуматски болни создава голема количина (ретенцијата) на сулфур кој ја штити зглобната чашка и `рскавицата од оштетување (го инхибира ензимот хијалурондаза и со тоа ја спречува разградбата на хијалуронската киселина во зглобната чашка и хондроитинот на сулфурната киселина во `рскавицата, што што претставува изборна терапија кај реуматоидниот артритис)

Затоа вдишување на воздух заситен со водородсулфид посебно им се препорачува на болните од реуматски болести, хронично опструктивни болести на белите дробови (астма, бронхитис, емфизем), шеќерна болест (дијабетес) и зголемени маснотии во крвта (хиперлипидемија). Се препорачува и за здрави и за деца, како многу корисна процедура која го штити здравјето и ја поправа општата состојба на организмот.