Планинка Пролом вода Пролом Бања Ѓаволја Варош

Лековити води

Indikacije

Во Луковска Бања постојат 37 познати извори на термална вода, со температура од 28 до 69⁰Ц . Термалната вода што се користи во медицинските центри на обата хотела и во базените, припаѓа на категоријата натриум, калциум, магнезиум хидрокарбонатни и слабо сулфидни хипертерми.

Според мислењето на Институтот, лековитите термални води на Луковска Бања припаѓаат на категоријата многу квалитетни минерални води, посматрано од балнеотераписки аспект, благодарејќи на поволниот анјонско-катјонски состав,температурата и присуството на растворен водород-сулфид. Водата е добро минерализирана, има над 1 gr/l растворени цврсти состојки, извонредна хипертермалност која овозможува разладување до одредени сакани температури за примена, зависно од индикациите за употреба, има значајни количини на доминантни јони на натриум, магнезиум, калциум, хидрокарбонат и растворен водород-сулфид кој добро се ресорбира преку кожата со капење и покажува лековито дејство, особено кај реуматските и кожните заболувања.

Во лекувањето се користи и лековита кал направена во комбинација со термална вода. Земјата со висока минерална вредност се иситнува, се просева и се меша со лековита вода, a калта потоа се користи за индиректни апликации. Минералната кал има изразени тераписки дејства и благотворно дејствува кај многу заболувања.