Планинка Пролом вода Пролом Бања Ѓаволја Варош

Третмани



Лекарски прегледи и третмани во Луковска Бања се вршат, освен во работни денови, и преку викенд и на празник, со цел што подобро да го искористите секој ден поминат во нашата бања. Во хотелот е организирана и 24-часовна здравствена заштита.

Дијагностика:

  • Прегледи кај бањските лекари специјалисти (по интерна медицина, физикална медицина и рехабилитација) или лекари по општа медицина,
  • Прегледи кај лекари соработници (професори по балнеоклиматологија и специјалисти по физикална медицина и рехабилитација),
  • Остеодензитометар - ултразвучно мерење на коскената густина.

Третмани:

Хидротерапија

  • Општи бањи во термална вода,
  • Четириќелијни бањи – се применуваат кај болни кои поради контраиндикации не можат да користат кади и базени,
  • Бисерна када – покрај лековитоста на термалната вода се користи и механички ефект на хидромасажа и хемиски ефект на кислород и озон, што доведува до нежна масажа на ткивото, релаксација на мускулите, попуштање на спазмата и подобрување на циркулацијата,
  • Подводна масажа – со помош на пулсатор се користи млаз термална вода под притисок од 1-2 атм, со почитување на принципот на венскиот крвоток (од периферните делови на телото кон срцето),
  • Хидрокинези терапија – базени со термална вода со температура од 33°Ц до 35°Ц (зона на комфор) во кои се спроведува програма за вежби во присуство на терапеут.

Бања Шљивак
Бањата Шљивак е оддалечена неколку стотини метри од хотелот Копаоник и многу е популарна меѓу бањските гости, бидејќи во неа се користи термална вода која спонтано извира од земјата и има специфичен хемиски состав и растворени гасови: јаглендиоксид и водородсулфид. Температурата на водата во бањата е 40-42°Ц и престојот е лимитиран на 15-20 минути.

Бања на Крал Милутин
Бањата на Крал Милутин се наоѓа на место каде што одамна имало народна бања и користи автентична изворска вода со температура од 42-44°Ц

Вирови во Горна Бања
Во Горна Бања, недалеку од хотелот Копаоник, се наоѓаат вирови, или како што народот ги нарекува „видарици”, каде што доаѓа до спонтано извирање на термоминерална вода. Температурата на водата во овие вирови се движи од 33 во најстудениот до 44°Ц во најтоплиот. Се користат главно за локални бањи на периферните зглобови (стопала, колена, шаки и лакти).

Пелоидотерапија

Лековитата кал на Луковска Бања е од неорганско потекло и се добива со мешање со лековита вода во специјални машини. Се аплицира во вид на пелоидни пакувања со температура од 45⁰Ц на заболените зглобови и/или на дел од `рбетниот столб. Пелоидотерапијата доведува до намалување на болките, забрзување на циркулацијата и интензивирање на метаболитските процеси.

Електротерапија

  • Галванизација и електрофореза – ја зголемува прокрвеноста на ткивото, ја намалува болката, ја подобрува циркулацијата.
  • Диадинамик – со помош на испрекинати нискофреквентни галвански струи се подобрува циркулацијата и се постига голем аналгетски ефект.
  • Интерферентни струи– отстрануваат спазма на мускулите, отстрануваат болка, овозможуваат подобра подвижност.
  • ТЕНС– се применува кај сите болни состојби каде што е потребен брз и силен ефект врз заболените зглобови и ткива.
  • Ултразвук – ултразвучните бранови проникнуваат 3-5 cм во длабината на ткивото и имаат аналгетски ефект, топлотно и механичко дејство – масажа на ткивото.
  • Магнетотерапија - посебно е ефикасна за лекување на сите реуматски заболувања затоа што ги намалува отоците и воспалението на зглобовите, ја намалува болката, го забрзува заздравувањето на раните и кршениците на коски, доведува до регенерација и обновување на ткивото и `рскавицата, ја стимулира секрецијата на хормони, ја отстранува спазмата на мускулите, го стимулира влегувањето на калциум во коските кај остеопороза и по кршеници, го крева локалниот и општиот имунитет. Најдобри резултати дава кај болните со остеопороза, гонартроза, коксартроза, спондилоза на вратниот и крсниот `рбет, кај повреди и кршење на коски, вградени вештачки колкови и колена, мултипла склероза ...
  • Ласеротерапија - ја намалува болката, воспаленските состојби, отоците, ја забрзува регенерацијата на ткивото, има позитивен ефект врз регенерацијата на коските, периферните нерви, мускулните влакна и кожата. Особено ефикасно дејствува кај спортските повреди, раните што бавно зараснуваат, реуматските заболувања, a се користи и како ласеро- акупунктура.
  • Биоптрон ламба (биоптрон светлосна терапија) - ги намалува болките, ја подобрува микроциркулацијата, го поттикнува заздравувањето на раните, го јакне одбрамбениот систем, ги стимулира регенеративните процеси во организмот.

Кинезитерапија

Кинезотерапија претставува примена на движења за тераписки цели. Нејзини дејства се: зголемување на обемот на подвижност во зглобовите, зголемување на силата и еластичноста на мускулите, подобрување на циркулацијата, создавање правилна шема на движењата и моторичката активност.

Рачна масажа

Рачната масажа ги олабавува мускулите, го подобрува протекот на крвта, ги намалува болките и смирува. Се применува класична тераписка (сегментна и масажа на целото тело), релаксациона и рефлексна масажа.

Екстензиона (декомпресиона) терапија

Екстензионата (декомпресиона) терапија е современа кинезитераписка метода којашто се состои во истегање на одредени делови на `рбетниот столб со дејство на механичка сила. Таа ги намалува болките и овозможува лекување на дискусот во вратниот и крсниот дел на` `рбетот. Индикации за примена се: дискус хернија, полидископатија, дегенерација на дискусот, спондилоза, лумбален и цервикален хроничен болен синдром, фасет синдром, булгинг на дискусот.

Квантна терапија

PXD биотерапеут плоча создава плус-поларизирано магнетно поле, кое емитува благотворна енергија на клетките. Се користи кај реуматизам, ишијас, лумбаго, воспаление на зглобовите, мускулите, ги отстранува болките во вратот, грбот, екстремитетите, дејствува благотворно на крвотокот и циркулацијата.